Управување со правата од интелектуална сопственост во банкарскиот и финансискиот сектор

Општи податоци

 Април / Мај | 2016

Локација: Македонска берза,
(Конгресна сала 2-ри кат)
Времетраење: 09:00 – 16:00 часот

Целна група

 - Вработени во банки на повисоки нивоа на
управување;
- Раководители на човечки ресурси (HR);
- Вработени во останати финансиски организации;
- Научно-истражувачки работници;
- Магистранти и докторанти на правни и економски
науки.

Цел на обуката:

Со обуката ќе се обноват знаењата за правата од
интелектуална сопственост, прометот со овие права и начинот
на менаџирање со овие права во услови на економија која се
заснова на знаење. Преку обуката ќе се тежнее да се укаже на
значењето на правата на интелектуалната сопственост, како
највреден дел од интелектуалниот капитал на компаниите и
како најдобра алатка за постигнување на конкурентска
предност на пазарот денес. Во време на економија на знаење
со ограничени ресурси, правата на интелектуална сопственост
стануваа најзначајниот непотрошен ресурс на компаниите.
Правилното управување со правата на интелектуална
сопственост може да донесе големи бенефите и конкурентска предност во банкарскиот и финансискиот сектор.

 

Содржина

Модул 1: Улогата на интелектуалниот капитал и
значењето на правата од интелектуална сопственост во
економијата на знаење;

Модул 2: Поим на правата на интелектуална сопственост
– право на индустриска сопственост, авторско право и
сродни права и нелојална конкуренција;

Модул 3: Нови технологии во банкарскиот сектор;
Кобрендирање; Договори со вработени за права на
интелектуална сопственост создадени во работен однос;
Договори со други компании, иновативци и креативци,
договори за нарачка на креативни творби (реклами
компјутерски софтвер, решенија за дизајн и сл.); Промет
со права на интелектуална сопственост; Залог на права
на интелектуална сопственост како начин на
обезбедување на побарувањата;

Модул 4: Што се прави во Република Македонија на
планот на поттикнување на иновациите и на планот на
користење на правата од интелектуална сопственост во
создавање на конкурентска предност на услужните
дејности;

По секој теоретски дел ќе следи практичен дел - како се
пополнува пријава за одделни права на индустриска
сопственост/изработка на модели на договори/анализа на
одделни судски одлуки за повреда и злоупотреба на правата на
интелектуална сопственост во компаративното право/анализа
на нормите за проценка на вредноста на правата на
интелектуална сопственост, впишување на залог врз права на
интелектуална сопственост.

Потврдување и јазик:

На крајот, секој слушател добива специјалистички сертификат.
Обуката се изведува на македонски јазик.
 

Апликација:

Ве молиме, пријавата да се пополни и испрати на следниов e-mail:
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Контакт инфо:

Сања Ивановска +389 72 255 057

Предавачи:



проф. д-р Јадранка
Дабовиќ Анастасовска

е редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“
на Универзитетот„ Свети Кирил и Методиј“ Скопје и
претседател на правната група на Организацијата на
потрошувачи на Македонија. Докторирала на тема „Договор за
лиценца во споредбеното и правото на Република Македонија“.
Предава облигационо право, договорно право, оштетно право,
право на интелектуална сопственост, потрошувачко право и
други предмети на додипломски, последипломски и докторски
студии на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Ангажирана е како предавач и обучувач на Академијата за
судии и јавни обвинители. Автор е на повеќе универзитетски
учебници- Облигационо право, Право на интелектуална
сопственост, Договори на автономна трговска пракса ,
практикуми, коментари на закони, монографии и автор е на
над 120 стручни и научни трудови објавени во земјата и
странство. Била носител или е учесник во повеќе домашни и
меѓународни проекти, меѓу кои и од областа на заштита на
правата на потрошувачите. Има одржано голем број на обуки и
едукативни семинари од својата специјалност: договорно
право, оштетно право, потрошувачко право, конкурентско
право, права на пациенти, право на индустриска сопственост,
авторско право и други. Член е на Комисијата за кодификација
на Граѓанскиот законик на Република Македонија.

м-р Драган Лазаров
адвокат

е Адвокат и Застапник за заштита на права од индустриска
сопственост. Магистрирал на тема „Европско кооперативно
друштво“ на Деловно право на Правниот факултет „Јустинијан
Први“ на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.
Кратко време работел во невладиниот сектор, а од 2009 година
се вработува во Секретаријатот за европски прашања на
Владата на Република Македонија каде што, меѓу другото,
работел и на усогласување на законодавството на ЕУ, а од 2011
година работел во Генералниот секретаријат на Владата на
Република Македонија каде што раководел со Секторот за
правни работи. Кариерата ја продолжил како Адвокат во
Адвокатска канцеларија Лазаров каде што работи претежно на
граѓанско право, трговско право, интелектуална сопственост,
работни односи, облигации, финансово право, конкурентско
право, странски инвестиции. Има завршено повеќе домашни и
меѓународни курсеви и семинари на различни области од
правото.